Ослич во сос од сенф

од desk2
274 прегледи

Ви донесуваме рецепт за подготовка на вкусен ослич.

СОСТОЈКИ:
1 кг филети ослич
100 гр кромид
1 морков
малку ловор
малку бибер
20 гр путер
2 лажици сенф

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во врела вода ставете исечкан кромид, лист ловор, бибер во зрно и гответе околу 15 минути. Потоа ставете ја рибата и гответе уште 5 минути. Зготвената риба извадете ја и ставете ја на загреана чинија.

Прелијте со малку вода во која се готвела. Растопете путер, додајте сенф и мешајте на оган малку да порумени, па прелијте ја рибата и украсете со кругови морков.
Добар апетит!

Слични содржини