Ослободен од затвор човекот кој го пријави почетокот на епидемијата на коронавирус во Вухан

од Vladimir Zorba

Фанг Бин, кој известуваше за почетокот на корона епидемијата во кинескиот град Вухан, е ослободен од затвор по три години, изјавија денеска неименувани извори за Би-Би-Си.

Фанг е еден од неколкуте таканаречени граѓански новинари кои исчезнаа откако споделија видеа од сцени во Вухан, епицентарот на пандемијата.

Фанг беше осуден на три години затвор на тајно судење во Вухан и беше ослободен во неделата во добра здравствена состојба.

Слични содржини