Ослободени уште 49 Украинци од руско заробеништво, откри Зеленски

од Nikola Popovski
18 прегледи

Уште 49 Украинци се ослободени од руско заробеништво, објави денеска на Telegram украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Уште 49 Украинци и Украинки се дома. Станува збор за војници на вооружените сили на Украина, Националната гарда, Националната полиција, Државната гранична служба, како и наши цивили.

Поточно Лења Умерова, девојка која Русите ја киднапирале кога дошла да му помогне на својот болен татко. Успеавме да ослободиме уште еден дел од бранителите на Азовстал и херојот на Украина, воениот лекар Виктор Ивчук“, напишал Зеленски, пренесува украинската агенција Униан.

Украинскиот претседател се заблагодарил на тимот кој обезбедува ослободување на затворениците и заложниците од руското заробеништво. Началникот на Генералштабот на претседателот на Украина, Андриј Јермак изјавил дека 15 припадници на Националната гарда, 13 војници на морнарицата, четворица војници на граничната служба, шест војници на вооружените сили, двајца војници, седум цивили и двајца припадници на националната меѓу ослободените има и полиција.

„Нашата задача е да ги донесеме сите луѓе дома“, рекол Јермак.

Комесарот за човекови права на Врховниот совет на Украина, Дмитриј Лубинец информирал дека здравствената состојба на ослободените заробеници е „многу сериозна“ и дека тие изгубиле десетици килограми во заробеништво. Според него, вкупно 3.569 Украинци се вратени дома од почетокот на војната.

Слични содржини