Oсмани: Ќе вложиме напори за подигнување на свеста за потенцијалните безбедносни закани од климатските промени

од Vladimir Zorba
158 прегледи

Во рамки на неговото учество на 29-от ОБСЕ-министерски состанок во Лоѓ, Полска, министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи се обрати на две тематски панели, “Година во конфликт- обединување на силите за превенција на трговијата со луѓе во кризните региони” како и “Климатските промени и безбедноста во планинските региони”.

При својот настап, Османи рече дека борбата на ОБСЕ против трговијата со луѓе, на начин како што е предвидено и со 20 годишниот Акционен план на ОБСЕ за борба против трговијата со луѓе останува заедничка обврска и еден од главните приоритети на претседавањето на Северна Македонија од јануари.

„Обединувањето на силите за спречување на кризата со трговија со луѓе во регионот на ОБСЕ е неопходност. ОБСЕ ќе продолжи да им дава вредност на заедничките напори во потрага по одржливи решенија за трговијата со луѓе и ранливите групи. Ова денес е од особена важност, имајќи ги предвид страшните последици предизвикани од руската агресивна војна против Украина, што дополнително ја влошува целата слика“, рече Османи.

На вториот панел на кој се обрати, Османи ја истакна важноста за меѓународно, регионално и локално справување со социо-економските последици на климатските промени, кои според него, несомнително ги погодат не само планинските региони, туку и цел свет.

„Признавајќи ги различните реперкусии за нашите општества, економии и безбедност, ќе останеме посветени на оваа прашање за време на претседателството во 2023 година. Ќе вложиме напори за подигнување на свеста за потенцијалните безбедносни закани од климатските промени, за да се мобилизираме во заедничкото превенирање и справување“, рече Османи.

Панелистите разменија искуства и мислења за адресирање на предизвиците од овој домен.

Слични содржини