Османи: Ахмети нема да оди кај Иванов, а реформска влада ќе има без разлика кој ќе биде неговиот одговор

од Vladimir Zorba
86 прегледи

 Иванов има само церемонијална функција и нема зошто да го убедуваат кога сите знаат дека парламентарното мнозинство е за унитарна Македонија.

Портпаролот на ДУИ и пратеник, Бујар Османи во вечерашното гостување во емисијата „Отворено“ на ТВ24 рече дека Ахмети нема намера да оди да го убедува Иванов за да го даде мандатот.

 

– И Ахмети и ДУИ и досега јавно кажале и кажуваат дека се за унитарна Македонија и почитување на Уставот и затоа Ахмети нема намера да оди и да го уверува Иванов во тој наш став – рече Османи, одговарајќи на прашањето дали би го прифатил предлогот на Заев да одат заедно кај Иванов.

 Како што кажа Османи, Иванов има само церемонијална функција и нема зошто да го убедуваат кога сите знаат дека парламентарното мнозинство е за унитарна Македонија.

– Ќе го испочитуваме рокот од Уставот од 10 дена и независно што тој ќе одговори, ќе одиме на формирање реформска влада – рече Османи и потенцираше дека Иванов е дел од проблемот а не решение на кризата и нема што Ахмети да му објаснува него