Османи: Бугарија за прв пат не можеше да најде вина во Македонија

од Nikola Popovski
217 прегледи

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи вечерва истакна дека денес во Брисел немало прашања во однос на погрешна интерпретација на историјата, туку наметнување на словенечкото претседателство да се одреди рок до крајот на годината.

-Имало тешка дебата, но направиле компромис да остане барањето. Очекуваме Македонија веднаш да ги почне преговорите, штом се усвои преговарачката рамка, но без зборот до крајот на годината и тоа се наговестува, вели Османи во гостувањето на емисијата „24 анализа“.

Шефот на македонската дипломатија информира дека за првпат „Бугарија не можеше да најде вина во Македонија“.

-Образложението за својот став го најде во Декларацијата на Собранието и потребата за прилагодување на новата влада таму. Не вперија прст во државата. Ги направивме сите напори за да ја задржиме стабилноста на позицијата и позицијата на нашата влада, рече Османи.

Слични содржини