Османи – Чавушоглу: Турција и Македонија негуваат долго и блиско пријателство, без никакви отворени прашања

од Берта Китинска

Турција и Македонија негуваат долго и блиско пријателство, без никакви отворени прашања, а како сојузници во НАТО, се поврзани и со исти вредности по однос на мирот и стабилноста во регионот, преку добрососедски односи и регионална соработка.

Ова го истакнаа министрите за надворешни работи, Бујар Османи и Мевлут Чавушоглу, на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи, учесници во Процесот за соработка на Југоисточна Европа, кој се одржува во Анталија, Турција.

Како што соопштија од МНР, на средбата, особено внимание било посветено на исклучително добрата економска соработка меѓу двете земји, при што министрите се обврзале на активности кои ќе придонесат кон продлабочување на деловните и трговски врски.

„Турција како еден од најголемите странски инвеститори во земјата е од посебен наш интерес и во тој контекст, Османи го информираше Чавушоглу за одлуката за упатување на економски советник, кој во рамките на нашата Амбасада во Анкара, ќе работи исклучиво на унапредување на економската соработка“, соопшти МНР.

Слични содржини