Османи: Да поминат изборите и ќе почнеме со подготовки за попис

од Берта Китинска

Во 2011 година имаше неуспешен обид за попис, а вицепремиерот Бујар Османи најави дека наскоро може да се случи нов попис на населението.

– Бидејќи знаете дека во 2012 пропадна поради начинот на читање на законот од двете етнички заедници. И тој консензус се постигна, но не се постигна вкупниот политички консензус во Собрание за да го усвоиме законот. Јас мислам дека ова што го донесовме на влада е добро решение кое што треба да се спроведе, меѓутоа би било добро сите да бидат вклучени во пописот. Така да би требало веднаш после изборите да почнеме со подготовките за органиизрање на пописот – рече Османи.

Околу законот за заштита и спречување на дискриминацијата кој беше поништен и дали ќе биде прв на агендата на новото собрание, Османи рече дека ова прашањето било покренато неодамна на средбата со амбасадорите на земјите членки на ЕУ од страна на холандскиот амбасадор и посочи дека постои волја за тоа.

-Нема дилема во политичката волја, за тој закон туку беше техничко прашање кое го сруши законот и че биде едно од првите решенија пред новиот парламент, посочи вицепремиерот Османи.

Слични содржини