Министерот за надворешни работи Бујар Османи остварил средба со првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија, Мухамед Сејдини, на која побарал преименување на организацијата.
-Централна тема на средбата беа предизвиците со кои се соочува именувањето на националната фудбалска федерација како и на фудбалската репрезентација на земјава. Османи посочи на законските обврски за примена на уставното име за организациите кои ја преставуваат земјата и кои било каков начин примаат донации или друг вид финансирање од државата, стои во соопштението.
Во оваа прилика Османи го извести Сејдини дека Министерството за надвoрешни работи навремено реагираше и до УЕФА и странските медиумите за погрешното применување на државјанството на членовите на Организацијата и репрезентативците, посочувајќи притоа дека УЕФА навремено ги коригираше грешките.
Премиерот Зоран Заев неодамна во емисијата „Топ Тема“ изјави дека Фудбалската федерација на Македонија треба да го промени своето име според „Преспанскиот договор“.
Според него, Куќата на фудбалот примила пари од Агенцијата за млади и спорт на име на младинските и кадетските категории, па затоа ФФМ мора да ги почитува уставот и законите во државата и да го промени името.