Османи: ДУИ е најпатриотската партија во Македонија

од Nikola Popovski
200 прегледи

Ова сигурно можат да ми го злоупотребат „вленовците“, но, од македонската перспектива и за тие Македонци кои што ја гледаат државата како најважниот асет на народот, ДУИ е најпатриотската партија во оваа држава бидејќи е единствената која го гарантираше унитарниот карактер на држава. Еден исфрлен народ од институциите со 0,2% претставеност во 2022 година, го внесе во системот, наместо да понуди алтернативен обид и паралелни институции, рече потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи во емисијата „Вин-вин“.

Тој истакна дека ДУИ бил моторот за членство во НАТО и за жал, како што вели, 20 години, „македонските политички партии јаваат на бранот на албанофобијата“, со цел да ловат политички поени.

Османи оценува дека во денешно време, „Албанците се омаловажуваат“ и се пожали дека нивно партиско соопштение вчера било објавено само во два македонски медиуми.

Слични содржини