Османи: ДУИ не соработува со партиите што ги прекршуваат Охридскиот, Преспанскиот и Договорот со Бугарија

од Nikola Popovski
202 прегледи

Министерот за надворешни работи и потпретседател на ДУИ, Бујар Османи синоќа изјавил дека неговата партија не склучува договори со оние партии кои го „кршат“ Охридскиот договор, Договорот од Преспа со Грција и Договорот за добрососедство со Бугарија.

Османи во интервју за приштинската „Теве1“, нагласил дека оние албански партии, кои се противат на основните елементи на европската ориентација, не можат да се нарекуваат поинаку, освен гласници на национализмот.

„Демократската унија за интеграција е позната како чувар на тие три договори. Ние ги дефиниравме како црвени линии на нашето политичко дејствување. Ние не формираме влади со политички партии кои прекршуваат ниту еден од овие три договори – Охридскиот договор, Договорот од Преспа  и Договорот за добрососедство“, рекол Османи.

Како што вели, можат да тврдат дека се најголемите Европејци, но ако ги немаат тие три црвени линии, не се искрени.

„Затоа велам дека албанските политички партии кои се противат на основните елементи на нашата европска ориентација станаа гласноговорници на национализмот. Не знам како друго да ги наречам“, рекол Османи.

Потпретседателот на ДУИ додал дека додека не се консолидира и вкорени етничката рамноправност, луѓето мора да бидат заштитени во рамките на заедниците и инструментите создадени со Охридскиот договор.

Слични содржини