Османи ги отфрли како лаги тврдењата на опозицијата која бара негова оставка

од Stefanija Kuzmanovska

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ги отфрли како лаги и невистини обвинувањата од опозицијата која бара негова оставка бидејќи на прес-конференцијата со шпанскиот министер за надворешни работи не го користел македонскиот јазик како официјален јазик на државата.

„ВМРО-ДПМНЕ се повеќе прераснува во шовинистичко здружение кое не ги почитува ни своите поддржувачи кога на светите празници изнесува лаги и и невистини, а уште помалку останатите граѓани кои постојано ги навредува и омаловажува ширејќи етничка омраза и нетрпеливост“, напиша Османи на неговата официјална Фејсбук страница.

На Фејсбук статусот е прикачен и линк од прес-конференцијата со шпанскиот министер за надворешни работи.

Слични содржини