Османи го поздрави воведувањето санкции против Додик

од Nikola Popovski
214 прегледи

Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, се огласи на Твитер, по повод санкциите за Милорад Додик, нагласувајќи дека ги поздравува активностите на САД.

„Ја поздравуваме одлуката на Министерството за финансии на САД во врска со континуираните закани за стабилноста и територијалниот интегритет на БиХ. Северна Македонија го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина и го осудува секој чин што ја поткопува нејзината стабилност и евроатлантската иднина“, напиша Османи.

Потсетуваме дека денеска Канцеларијата за контрола на странски средства на САД (OFAC), во согласност со Извршната уредба 14033, воведе економски санкции за Милорад Додик, член на Претседателството на БиХ и ја стави на листа медиумската куќа под негова контрола Алтернативна телевизија (ATV). Санкции беа изречени и за поранешниот претседател на „VSTS“, Милан Тегелтија и неговата сопруга Тијана, како и за претседателот на „PDA“, Мирсад Кукиќ.

Слични содржини