Османи и Захариева ќе копретседаваат на средбата во рамки на Берлинскиот процес

Бујар Османи и бугарската шефица на дипломатијата, Екатерина Захариева, во рамки на копретседавањето за процесот од Северна Македонија и Бугарија, денес ќе копретседаваат со состанокот на министрите за надворешни работи од Берлинкиот процес за Западен Балкан.

Оваа средба е најава пред средбата на врвот на процесот кој ќе се оддржи утре во Софија, на која ќе бидат презентирани Акцискиот план за воспоставување на Заедничкиот регионален пазар, како и Зелената агенда за Западен Балкан која беше подготвена под раководство на Европската комисија и Советот за регионална соработка.

Поради Ковид 19 ситуацијата, копретседавачите ќе се вклучат преку онлајн-формат, а домаќин на истиот настан ќе биде бугарското МНР.

На овој состанок, предвидено е да се разгледаат можностите и предизвиците пред Берлинскиот процес за Западен Балкан во контекст на мерките за изградба на доверба, како и подобрувањето несомнено на регионалната соработка, вклучувајќи подобра релација помеѓу луѓето и инфраструктурата.

Примарна цел на разговорите помеѓу министрите ќе биде темата врзана за младите и граѓанското општество во Западен Балкан, но и мерките за градење доверба и подобрување на соработката преку мобилноста на луѓето од земјите од Западен Балкан.

На оваа средба ќе се вклучат претставници на Европската Комисија, на Советот за регионална соработка и Регионалната канцеларија за младинска соработка во Тирана.

По завршувањето на видео-конференцијата на министрите, ќе се одржи прес-конференција на двајцата ко-претседавачи Османи и Захариева преку видео врска.

Берлинскиот процес инаку, е политичко- дипломатска иницијатива, која стартуваше во август 2014. година, а почна да ја реализира германската канцеларка, Ангела Меркел.

Учесниците во процесот се земјите од Западен Балкан – Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора, а нејзини ко-спонзори и поддржувачи се неколку земји-членки на ЕУ како Германија, Франција, Австрија, Италија, Велика Британија, Полска, Грција, Хрватска, Словенија и Бугарија.

 

Слични содржини