Во Нов Дојран во двор пронајдена граната

од Milan1

Завчера во Полициското одделение Нов Дојран било пријавено дека во дворно место на ул. „Антон Панов“ во Нов Дојран била пронајдена експлозивна направа. Гранатата ден подоцна била безбедно подигната и отстранета од експерти за пиротехника на Дирекцијата за заштита и спасување.

– На 08.05.2024 бил извршен увид на местото, а од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување било констатирано дека се работи за граната со калибар 75 мм, која потекнува од Првата светска војна и која била безбедно подигната, соопшти МВР.

Слични содржини