Османи: Иднината на регионот е во ЕУ

од Nikola Popovski

На „ГЛОБСЕК 2021“ во Братислава, заедно со министрите за надворешни работи на Хрватска и Словенија, Грлиќ Радман и Логар, придружени од специјалниот претставник на ЕУ за ЗБ, Мирослав Лајчак, дебатиравме на тема „Геополитичката Европа на крстопат: „Западниот Балкан во Ера на Пост-Ковид-19“, соопшти министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Тој потенцирал дека иднината на регионот е во ЕУ, што истовремено е географски и геополитички факт.

„Земјите се наоѓаат во фаза на засилена меѓусебна економска соработка која неминовно ќе доведе до прием во заедничкиот европски пазар. Тоа е суштината на европската интеграција. Надворешната и безбедносната политика на ЕУ ќе биде предмет на натамошен развој, но фактот што сите ние на Европскиот континент, во најголема мерка се определивме за евро-атлантските либерални вредности, доволно зборува дека иднината е предвидлива, сите да бидеме дел од заеднички сојуз, во одбрана од заедничките закани“, објави Османи на својот Фејсбук профил.

Слични содржини