Претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Бујар Османи на на денешната прес-конференција упати честитки за почетокот на преговорите со ЕУ.
-Изминавме долг и тежок пат без лажна скромност треба да си кажеме дека успеавме пред три години не бевме сигурни дека ќе успееме, во европската чекална седевме 15 години. Нема никакви дилеми заслуживме и успевме почеток за преговори, оваа одлука не е подарок ова е признание за суштинските промени и признание за промените кои ги направивме токму затоа одлуката на 27-те членки. Иако во овие моменти сме преокупирани со Ковид 19 верувам дека и оваа битка ќе ја добие, а иднината ќе дојде. ЕУ е процес кој значи напредок на многу полиња процес на стабилност и повеќе работни места, подобар животен стандард, изјави Османи.