Османи: Ќе испратиме нота, европратеникот Џамбаски ги надмина сите граници на провокација

од Берта Китинска
187 прегледи

Ние денеска со нота ќе реагираме на изјавата на европратеник Ангел Џамбаски, ги надмина сите граници на провокација, тука треба да реагира и бугарската држава, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи во врска со видео обраќањето на Џамбаски кој му порача на Ковачевски дека не е важно што тој не го знае бугарскиот пратеник затоа што тој и неговите сопартијци од ВМРО знаеле кој е тој и од какво семејство потекнува премиерот.

-Говорот на омраза според меѓународните договор е основа за да се реагира, ние досега се обидувавме да го игнорирмае европратеник затоа што целта е да си направи промоција и тоа нема да го премолчиме, кажа Османи.

Европратеникот се осврна и на личното име на премиерот Ковачевски кое било бугарска Али Експрес верзија.

– Ковачевски тврди дека македонскиот јазик е единствен. Но тој е дијалект на бугарскиот јазик и тоа го докажува секој лингвист. Македонизмот и македонскиот идентитет ГМО исто како и неговото име. Тој не е Димитр туку Димитар. Неговото име е бугарска али експрес верзија.

Немаат никаква историја пред 1944 година. Димитар, ќе ви се обратам на вие. Прашајте ги членовите на вашиот кабинет какво потекло имаат. Тие дошле од Шумадија да ги тероризираат македонските Бугари. Колку што знам и вашите претци имаат титовско минато – рече тој.

Џамбаски му порача на македонскиот премиер дека нашата Влада не решава ништо во врска со ЕУ, туку за тоа кои сме и што сме, решаваат Бугарите.

– Ние Бугарите сме дел од Европската унија, а вие србоманите не сте. Ние Бугарите сме од оние што решаваат каде сте вие. Кои сте вие, решаваме ние, не вие Димитар или Белград. Вие не решавате ништо. Вакви какви што сте, ќе може да направите сојуз со Северна Кореја.

Слични содржини