Османи: Топката е кај Бугарија, важно да не наседнеме на провокациите

од Берта Китинска

Јас мислам дека реков и во друга прилика, има чинители во Бугарија, не можам да го апострофирам претседателот Радев, не само што сакаат блокадата да продолжи, туку и вината пред светот да биде наша, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи во врска со изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев.

-Затоа има обиди за провокација и блокада. За да наседнеме и направиме грешки во последните недели од процесот. Ако не само ние, да бидеме изедначени како виновници, заедно. Досега С.

Македонија нема од никого забелешки за овој процес. Мислам дека овие недели и денови е важно да не наседнеме на провокациите кои се со цел да бидеме виновни и блокирани, додаде Османи.

Османи рече дека нема нови моменти во преговорите со Бугарија, нагласувајќи дека се чека на консолидирање на ставовите во бугарската влада.

-Топката е во Бугарија и таму треба да се консолидираат ставовите по однос на тоа, што понатаму. Ние го кажавме тоа што имавме на сите средби дури и го формализиравме во различни документи. Ние не работиме на нешто ново, од тоа што досега го разговараме, туку очекуваме Република Бугарија да има консолидиран став во владата по однос на тоа, што понатаму, рече Османи.

Слични содржини