Османи ќе се сретне со Вучиќ и Брнабиќ во Белград

од Nikola Popovski
307 прегледи

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Бујар Османи ќе оствари работна посета на Република Србија, при што ќе се сретне со неговиот колега Никола Селаковиќ, со српскиот претседател Александар Вучиќ, со претседателот на Народното собрание, Ивица Дачиќ и со премиерката Ана Брнабиќ.

Како што соопшти МНР, на средбите ќе се разговара за состојбата со билатералните односи, можностите за нивно интензивирање и продлабочување со нови форми и содржини од заемен интерес, посебно во областа на економијата и трговската размена, во која веќе Србија претставува наш значаен партнер.

„Соговорниците ќе разменат мислења во врска со актуелните состојби во нашиот регион, регионалната соработка, како и предизвиците и перспективите на државите во однос на процесот на интеграција во европските и евроатлански структури и можностите за соработка и меѓусебна координација“, велат од МНР, дополнувајќи дека во услови на сложена пандемија и започнување на процес на вакцинација, ќе бидат разгледани напорите и активностите на двете влади во справувањето со последиците и ограничувањата во борбата со вирусот Ковид-19, како и меѓусебната соработка и координација на тој план.

Слични содржини