247
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес оствари средба со Дерек Мичел, претседател на Националниот демократски институт (НДИ) од САД.
На средбата, министерот Османи ја поздрави соработката и ангажманот на НДИ во Северна Македонија, оценувајќи ги како особено значајни за зајакнување на демократските процеси во земјава.
Воедно, соговорниците разменија мислење за состојбите во Авганистан, при што претседателот Мичел изрази благодарност за обезбедениот времен престој на авганистанските бегалци во Северна Македонија, кои претходно биле ангажирани во канцеларијата на НДИ во Кабул и други меѓународни организации во земјата.