Лога на средба со директорот на НДИ

од Vladimir Zorba

Министерот за правда, Кренар Лога оствари средба со вишиот директор на НДИ во нашата земја, Роберт Скот Хејзлет.

На средбата се разговараше за процесот на изборна реформа и формирањето на работната група за оваа цел.

Министерот Лога се заблагодари за соработката и помошта на НДИ која ќе продолжи и во наредниот период со цел унапредување и демократизација на изборниот процес во земјава.

Лога го информираше Скот Хејзлет за посветеноста. целиот процес да биде инклузивен а решенијата да се носат со консензус ,вклучувајќи ги забелешките и предлозите на политичките партии, експертите и невладините организации.

Претставниците на НДИ беа информирани дека на ВМРО-ДПМНЕ им се дава можност да го предложат и претседавачот на работната група.

Слични содржини