Приведени три лица од Скопје, кај нив пронајдена дрога

од Milan1

Денеска (10.05.2024) во 01.30 часот во близина на угостителски објект на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.К.(22) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

Додека вчера во 21.05 часот на подрачјето на Центар полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ѓ.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Исто така вчера во 16.00 часот во с.Петровец, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Е.(50) од скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

– По целосно документирање на овие случаи ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.

Слични содржини