🎥 Стоилковски го поздрави лидерот на ДУИ јадејќи бисквита: „Поздрав, Али“

од Milan1

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на социјалните мрежи објави видео во кое, јаде бисквита и го поздравува  лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Стоилковски вели дека оди на состанок со коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа зема бисквита и почнува да ја јаде.

„Поздрав, Али“ , вели Стоилковски.

Стоилковски алудира на изјавата на Ахмети која тој ја даде од митингот на „Европскиот фронт“ во Скопје кога рече оти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е израснат со бисквити и гурабии.

Слични содржини