Османи: Мојата цел како Претседавач е интензивирање на интеракцијата со теренските мисии

од Stefanija Kuzmanovska

Мојата прва теренска посета во својство на Претседавач со ОБСЕ беше токму на мисијата во Скопје, како најстара ОБСЕ Мисија, каде имав прилика да се сретнам со членовите и шефот на мисијата, амбасадорот Килиан Вал, напиша претседавачот со ОБСЕ, Бујар Османи, на својот профил на Фејсбук.

„Разговаравме за тековните и идните активности за поддршка на Северна Македонија и од прва рака ги дознаваме придобивките кои ги овозможува теренската мисија во Скопје, како за луѓето, така и за институциите, и тоа е нашата појдовна точка при поставувањето на нашите приоритети.

Мојата цел како Претседавач е интензивирање на интеракцијата со теренските мисии воопшто, воспоставување синергија меѓу приоритетите на претседавањето и оние на теренските мисии, сè со цел да се поддржат и охрабрат луѓето на кои им треба помош. Бидејќи токму тоа е нашиот главен фокус. За луѓето се работи“, наведе Османи.

Слични содржини