Продолжуваме понатаму јас се обидувам да објаснам дека овој процес има пречки од почетокот, па до крајот. Поминуваме низ процес кој бара консензус, вели Бујар Османи, министер за надворешни работи во Студио 10 на ТВ24.
-Ова не е лесен процес ова е еден пречка која мора да ја поминеме, а стратешката цел ни фиксна. Кога Франција ни стави вето,тогаш владееше безнадежност но ние продолживме и не се откажавме во некои момент одлуките може да изгледаат безнадежно. Теоретски може уште утре да се реши, да се направи пробив. Затоа ние го испраќаме Бучковски.Тежок е овој пат, ЕУ не е само административно пристапување. На сите ни е јасно дека одлуката не е фер , вели Османи.
Тој напомена дека предвидливоста ги натера земјите од Западен Балкан да воведат реформи.
-Бугарија беше пречка на ЕУ затоа имаше Договор и затоа сметам дека токму овој документ е решение за пречката, вели Османи.