Османи на кратка средба со Блинкен

од Vladimir Zorba
282 прегледи

Шефот на дипломатијата Бујар Османи на маргините на НАТО самитот во Вилнус, Литванија, оствари куса средба со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен.

-За време Вилнус самитот, кратка средба и со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен. Накратко за Стратешкиот дијалог меѓу двете земји, и актуелностите поврзани со нашите европски интеграции. Разменивме мислење и за состојбите во нашиот регион, како и предизвиците во рамките на претседавањето со ОБСЕ, напиша Османи на Фејсбук.

Слични содржини