Османи на средба со Рикер и Палмер: САД се наши долгогодишни стратешки сојузници и партнери

од Vladimir Zorba
258 прегледи

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари средба со Филип Рикер, помошник државен секретар на САД за европски и евроазискиu прашања и Метју Палмер заменик помошникот државен секретар и специјален претставник на САД за Балканот.

На средбата разговарано е за унапредувањето на односите со САД, регионалната соработка, остварувањето на надворешно-политичките приоритети на Република Северна Македонија, интеграцијата во ЕУ.

– За нас САД се наши долгогодишни стратешки сојузници и партнери. Новиот пристап на американската администрација, за повторно заживување на трансатлантското партнерство, ни создава многу можности што треба да ги искористиме за да ги поттикнеме и зајакнеме нашите односи во областите на безбедноста, одбраната, демократското функционирање на институциите, борбата против глобалниот тероризам, слободната пазарна економија и да ги прошириме на можностите за деловните активности на двете земји, сподели Османи.