Османи: На Вучиќ му требаше малку време за да го прекрши договорот

од Vladimir Zorba
231 прегледи

Претседателот на Собранието на Косово, Вјоса Османи, реагираше на веста од медиумите дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, побарал од Турција да изврши притисок врз Косово да не отвора амбасада во Ерусалим.

Османи објави на Твитер дека на Вучиќ му требаа нешто повеќе од 24 часа да го прекрши договорот потпишан во Белата куќа во Вашингтон за стопирање на кампањата против признавањето на Косово.

„На Вучиќ му беа потребни повеќе од 24 часа да ја прекрши точката 15, со обврска што ја потпиша во Вашингтон, со која се бараше да ја запрат кампањата против признавањето и да се воздржат од формални или неофицијални барања од другите да не го признаваат Косово. Толку типично за Србија“, изјави Османи.

По повод најавата за признавање на Косово од Израел, Вучиќ на прес-конференцијата по состанокот во Брисел рече: „да видиме што ќе им каже Ердоган на Хашим Тачи и Авдулах Хоти“.

„Ги разбирам политичките игри во кои некој сака да каже дека уште една муслиманска земја ќе го признае Израел“, рече Вучиќ, алудирајќи на Косово.

„Одлично е ако Косово го признае Израел, но прво Израел мора да го признае Косово, а потоа Косово нека си ја работи својата работа… Да видиме што ќе им каже Ердоган на Хашим Тачи и Авдулах Хоти“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека Србија и Израел се пријателски земји.

„Тие се наши пријатели, браќа и се надевам дека ќе останат така и уште еднаш ги замолувам да размислат каква одлука ќе донесат“, рече Вучиќ.

Слични содржини