Министерот за надворешни работи во заминување, Бујар Османи информираше дека имал добар состанок со заменик-министерката на Грција, а утринава имал и телефонски разговор со шефот на грчката дипломатија.
-Разговаравме за посветеноста на двете држави и за поддршката од официјална Атина за РСМ. Беше добар и конструктивен разговор дека е важна соработката и сравот дека Преспанскиот договор е многу повеќе од договор за името – дека е договор за стратешко партнерство, кажа Османи на прес-конференција по пленарната сесија на Министерскиот состанок на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ).
Според Османи, се на се, состанокот бил во духот на соработката и најави дека ќе се продолжи со стратешкото партнерство и со благодет за двете држави.
-Ги покренав јас работите за нивните обврски, а тие за нашите обврски. И таму Владата не е среќна поради Договорот, но тој е реалност и ќе мора да се почитува.
Не е точно дека Грција не исполнила ништо. Суштинските обврски – НАТО и ЕУ – Грција нема направено поместување. Република Северна Македонија денес е членка на НАТО затоа што Грција ја исполни обврската од Договорот. Меморандумите во грчкиот парламент се останати како што се останати и законите за МРТ и МАНУ. Главните обврски се исполнети, дециден е шефот на македонската дипломатија.
За сообраќајните табли со името на нашата земја кои не се променети во Грција, додава тој, истиот проблем е и со Законите за МАНУ и МРТВ кај нас.
-Истиот аргумент го даваат. За мене е важно дека суштинските нешта се исполнети. Во Договорот, првите 3-4 страници се за името, а останатите за секторската, енергетската и економската соработка. Да не се обидеме да проблеми проблеми таму каде што нема. За нас е важно Грција да ни биде поддржувач, посочува Османи.
-Го труеме народот со по три закони во собранијата на двете земји. Тоа не ги засега граѓаните. Не сакам да ги омаловажувам нашите обврски, но да ги ставиме во административните обиди. Веќе е постизборие, завршија изборите и дајте сега да имаме позрел однос кон соседите, додаде министерот во заминување, одговарајќи на новинарски прашања.