Османи не верува дека во декември Албанија ќе се одвои од Македонија на патот кон ЕУ

од Nikola Popovski
265 прегледи

Македонскиот шеф на дипломатијата, Бујар Османи не очекува во декември да дојде до одвојување на Албанија од Македонија на паток кон ЕУ, иако тоа не го исклучува како опција.

-Формално е можно Албанија да се одвои од Македонија и да останеме сами во чекалната на ЕУ, бидејќи за секоја држава се носи посебна одлука. Системот се засновува на индивидуални заслуги на државите. Во 2018 бевме во обратна позиција. Ние требаше да движиме, а Албанија немаше поддршка од неколку земји членки и беше прашањето дали ќе се оддели Македонија. Сега се менуваат работите. Динамични се овие прашања, вели Османи во емисијата „Топ тема“.

Слични содржини