Османи: Одлуката за изборите ќе зависи од ставот на Владата за вонредната состојба

од Берта Китинска
120 прегледи

До петок ќа се знае ставот на Владата за вонредната состоја кој заедно со мислењето на Комисијата за заразни болести за состојбата со пандемијата ќе бидат одлучувачки за датумот за одржување на изборите, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

-Ставот на ДУИ се заснова на два основни принципа тие се констатнмтни. Првиот принцип е дека здрвајето на граѓаните е пред кој било друг општествен процес и второ дека консензусот е важен за одржување на избори. Ги следиме на дневна основа епидемиолошките текови. Мој став е дека треба да чекаме до петок кога завршува вонредната состојба за да направиме пресек на трендовите, да го видиме мислењето на Комисијата и врз ознова на тоа да ја доенсеме одлуката за вонредната состојба. Вонредната состојба ќе влијае директно на изборите. Така што ќе почекаме до петок каков ќе биде ставот на Владата за вонредната состоја, рече Османи на новинарско прашање дали останува 5 јули за датум за одржување на изборите.

Согласно одлуката на претседателот Стево Пендаровски постојната вонредна состојба во времетраење од 14 дена, истекува на 14 јуни.

Слични содржини