Османи: Охридскиот рамковен договор е политички бисер кој што беше внатрешна сила

од Nikola Popovski
188 прегледи

„20 години историја, автентична историја, успешна интеграција внатре во државата што би бил предизвик за сите најмодерни држави но за нашиот регион е реткост и тука сакам да констатирам дека Охридскиот рамковен договор  е политички бисер којшто ги премина сите граници кај нас“, изјави министерот за надворешни работи, Бујар Осман на тематската седница на Владата посветена на 20 годишнината од Охридскиот рамковен договор.

Според него, овој договор беше внатрешна сила која што не подготви да се соочуваме со надворешните предизвици  и беше база за потпишување на двата други договори со Бугарија и со Преспанскиот договор со Грција.

„На овој начин се креира оваа автентична историја која што секој ден се повеќе се прифаќа внатре кај нас но станува и пример во светот и ова е пример којшто е аргумент кој и светот го употребува“, рече Османи.

Првиот потпретседател на Владата, Артан Груби изјави дека оваа коалиција рушела табуа уште од 2002 до 2006 година.

-Настаните за прославата започнуваат уште денес. Мотото на прославата е „По Охрид“. По свечената седница на Владата вечерва имаме изложба на уметнички дела, од уметностите на сите заедници во „Мала Станица“ во Скопје, по што ќе има театарски претстави, документарен филм, свечена седница со Собранието, концерти. На крај на ќе има ексклузивен концерт на тенорот Рам Лахај со македонската филхармонија“, рече Груби.

Слични содржини