Османи: Ова е историско достигнување за сите генерации, во иста недела станавме членки на НАТО и добивме датум за преговори со ЕУ

од Viktor Jovanov

Им честитам на граѓаните за овие 2 историски дена. Никој не можеше да замисли дека 26 март денот кога се носи одлуката за започнување на преговори со ЕУ и 27 март ден кога станавме полноправна членка на НАТО ќе се случат во една иста недела. Ова се двата дена кои ја променуваат историјата на оваа држава. Историско достигнување со кое се гарантира економска иднина, подобар животен стандард и исполнување на желбата на граѓаните низ генерациите. Жално е што не можеме да си подадеме рака да си честитаме, но овие денови ќе останат како едни од најсветлите денови во македонската историја, изјави вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи.

-Започнувањето на преговори има 3 моменти, едното е одлука за преговори, тоа што го немавме заради ветото на една од земјите членки, потоа е Комисијата да подготви преговарачка рамка, потоа следува меѓувладиниот состанок. Сега имаме одлука, даден е мандат на Комисијата која за неколку недели ќе ја изготви рамката, треба таа да се усвои и да се утврди кога нашата делегација ќе оди во Брисел на таа конференција за заполнувањето на преговорите. Требаше тоа да биде во јуни, но засега не може да се види точно поради пандемијата, вели Османи.

Слични содржини