Османи: Покрај збиената агенда, се враќам во Скопје да реферирам пред собраниската Комисија за да завршат протестите

од Берта Китинска

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на враќањето од Братислава во интервју за ТВ 21, кажа дека и покрај збиената агенда, сепак, ќе се врати во Скопје да реферира на Комисијата за надворешни работи.

„Бев повикан од претседателот на Комисијата за надворешни работи, господинот Милошовки, дека тие нема да престанат со протестите пред министерството за надворешни работи доколку јас не се појавам на расправата на Комисијата за надворешни работи. Се обидов да најдам простор деновиве, како гледате требаше од Братислава за Анталија, па утре изутрина треба да одам во Софија, па потоа повторно да се вратиме во Анталија, така да мораше да се одложи за идната недела, сакајќи да се заврши оваа блокада на улиците која ги ограничува и им смета на граѓаните. Се решив сепак да се вратам во Скопје и да реферирам пред комисијата, се надевам дека ќе има разбирање за овој наш гест за да бидеме транспарентни спрема пратениците, но на еден начин и да ги информирам нив и за патот во Софија каде можеби ќе ги имаме последните разговори и обиди за деблокирање на процесите во Јуни, се надевам дека потоа тие ќе имаат разбирање и ќе ги деблокираат процесите кои ги имаат блокирано со амбасадорите“, рече Османи.

Слични содржини