Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска единствената пречка на нашиот интегративен пат е Бугарија.
-Пет точки ги разговараме цело време во дијалогот, краткото име, говорот на омраза, работата на историската комисија, правата на малцинствата и немешањето во внатрените уредувања на двете земји. Шестата точка е вклучувањето на Бугарите во Уставот на Македонија. За нас,тоа не е спротивно на нашите интереси, вели Османи и додава дека тоа значи дека Бугарите се поместуваат од фразата „еден народ, две држави“.
-Тоа е на линија на ставот дека во Македонија има разни нации. Ние немаме проблем да ги вметнеме, исто како и хрватската и другите заедници, информира Османи.
Во однос на тоа дали би дошло до реципроцитет и Македонците би биле вметнати во Уставот и пописот на Бугарија, Османи вели дека тоа не е можно, затоа што тие не признаваат организирање на етничка основа, согласно нивниот попис.
-Тие не препознаваат други заедници во пописот, додава Османи и вели дека како земја се обврзавме дека нема да се мешаме во внатрешното уредување на Бугарија.