Османи: Србија двапати го прекрши Охридскиот договор за помалку од 24 часа

од Nikola Popovski
238 прегледи

Претседателката на Косово, Вјоса Османи синоќа објави дека Србија за помалку од 24 часа двапати ги прекршила Бриселскиот и Охридскиот договор. Од друга страна, директорот на српската Канцеларија за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, оцени дека кога Вјоса Османи зборува за прекршување на Бриселскиот договор, „веројатно мисли на формирањето на Заедница на српски општини“.

Османи на Твитер изјави дека Србија го прекршила членот 2 кој се однесува на мешање во изборите на Косово.

Претседателката на Косово изјави и дека Србија го прекршила членот 4 од Договорот поради лобирање и гласање против барањето на Косово за Советот на Европа.

„Нов договор, но истата стара Србија“, оценила Османи.

Слични содржини