Османи: Уште денеска ќе стапам во контакт со Бугарија за надминување на спорот

од Nikola Popovski

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи излезе со очекување уште денеска да воспостави комуникација со Бугарија во обид за надминување на спорот а во насока на деблокирање на процесот поврзан со интеграција во Европската унија.

Прашан за координацијата на владиниот тим задолжен за евроинтеграцијата во врска со идните чекори и насоките по кои ќе продолжат преговорите со соседна Бугарија, Османи рече дека координацијата со премиерот и со сите чинители во земјава уште во првите денови од годинава, се праќа порака дека македонската страна сака решение и оти за  прашањето на ЕУ нема да изгубиме ниту еден ден, независно од разочарувањето кое го имавме со исходот во декември.

Османи апелира до премиерот и претседателот што побрзо да се усогласат околу персоналните решенија за идни амбасадори во седум светски метрополи меѓу кои Вашингтон, Анкара, Софија и Каиро. На овој план османи како ново предложил отварање на амбасада во Братислава, Република Словачка, со која дипломатските работи досега ги покриваше амбасадата во Виена, Австрија.

Слични содржини