Османи: Вест на годината е изјавата на Таравари дека во Кичево и Врпчиште ќе ги поддржи кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ 

од Берта Китинска
5,6K прегледи

Вест на годината е изјавата на Таравари дека во Кичево и Врпчиште  ќе ги поддржи кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ  и ова е прашањето кои тие треба да го одговорат на луѓето, ова е темат која е новина и која се наметнува во нашиот политички дискурс, вели портпаролот на ДУИ, Бујар Османи.

На прашањето дали со тоа што ДУИ дава поддршка за Шилегов, очекува СДСМ да возврати со поддршка на Теута Арифи во Тетово, Османи вели дека поддршката за актуелниот градоначалник на Скопје е повеќе прашање на одлука за вредностите, но и дека секако очекуваат поддршка од коалициските партнери во Тетово.

„Во однос на мојата изјава денеска како повик до Албанците за поддршка на кандидатурата на актуелниот градоначалник не е поврзана со никакви политички договарања туку како начин за гаранција на еден поубав, попрогресивен и поубав град Скопје. Со континуитет на проектите кои првпат беа рамномерни за сите делови на Скопје и првпат сите граѓани на Скопје почувствуваа дека имаат локална самоуправа која се грижи за сите нив, независно дали се наоѓаат на десната или на левата страна на Вардар, дали се помалку или повеќе развиени, дали се од една или од друга етничка припадност. Ова е повеќе прашање на одлука за вредности отколку што е дел за некакви политички договарања. Се разбира дека за Тетово очекуваме поддршка од нашите коалициски партнери, меѓутоа во Тетово ние сме единствените кои нудат сериозна платформа за градот со кандидат кој е искусен и може да ја реализира таа платформа и со тоа им се обраќаме на сите граѓани на која било партиска или која било етничка припадност“,одговори Османи.

Слични содржини