180
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес ќе престојува во официјална посета на Република Финска, на покана на финската министерка за надворешни работи. Во рамки на посетата ќе оствари средби со својот хомолог, министерката Елина Валтонен и со претседателот на финскиот Парламент, Јуси Хала-ахо.
За време на престојот во Хелсинки, Османи ќе го потпише Меморандумот за пристапување на Република Северна Македонија во Европскиот центар за извонредност за справување со хибридни закани, со седиште во Хелсинки.