Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денес, во рамки на работната посета во Рим се сретна со претставници на нашата дијаспора во Италија, односно со носителите на МКАРТА.
Министерот изрази благодарност за покажаниот интерес за проектот МКАРТА, кој самиот го претстави пред неполни три години, во мај 2021 година, како вредна мрежа на наши најдобри претставници на дијаспората во светот, кои со својата посебност оставиле белег во новите средини каде се успешно интегрирани, промовирајќи ја државата во странство.
„Проектот МКарта, претставува еден вид признание, потврда за видни личности од земјата кои живеат во странство, а кои со својата работа покажале истакнат успех и со тоа на вистински начин ја претставуваат Северна Македонија во странство. Меѓу носителите од Италија, ова година, има реномиран гастроном на светско ниво, бизнисмени, познат кардиолог и кардиохирург, уметник, магистер по одржлив развој и професор по албански јазик и литература“, истакна министерот Османи.
Покрај симболичното признавање на нивниот исклучителен труд, со проектот се зацврстува врската на овие истакнати личности со државата и се отвараат можности за засилена соработка и нивна институционализирана проактивна улога во Северна Македонија.