Османи вози тротинет, социјалните мрежи се мајтапат

од desk4
373 прегледи

Министерот за надворешни работи  Бујар Ослмани и дел од врбаботените ги пробаа новите  велосипеди и тротинети.  Османи новиот проект на МНР „зелената дипломатија-новото нормално“ ја промовираше преку својот ФБ профил. Тој напиша дека вработените во МНР, како пример за одговорно однесување кон животната средина и проблемот со аерозагадувањето во иднина ќе користат велосипеди и тротинети.

-Зелена дипломатија – новото нормално. За вакви секојдневни кратки дестинации, треба да се обидеме, колку можеме повеќе и колку ни дозволуваат околностите, да се користи велосипед, електричен тротинет, пишува Османи на ФБ.

Шефот на дипломатијата појасни дека практичноста од употребата на ваков тип на превозни средства се добива со едноставен преглед на локациите на државните институции, при што веднаш се забележува дека во дијаметар од 1-2 километри се наоѓаат 90% од нив, кои секојдневно се упатени на соработка, состаноци и координации.

-За вакви секојдневни кратки дестинации, треба да се обидеме, колку можеме повеќе и колку ни дозволуваат околностите, да се користи велосипед, електричен тротинет. Преку вакви примери, си помагаме себе си, ќе им ослободиме простор на другите, ќе ѝ помогнеме на околината и на природата, за да имаме почиста животна средина. Преку вакви примери, си помагаме себе си, ќе им ослободиме простор на другите, ќе ѝ помогнеме на околината и на природата, за да имаме почиста животна средина.напиша Османи на својот фб.

Корисниците на социјалните мрежи настанот го искористија на свој начин.

-Најзелениот министер во Владата, првиот дипломат – Бујар Османи, продолжува со имплементирање на зелената агенда на ДУИ со нов, до сега невиден изум, кој за прв пат во историјата ќе овозможи тротинетите да се користат на долги релации, на пример до Брисел, е само еден од коментарите на социјалните мрежи.

Б.Т.

 

 

 

Слични содржини