На 16, 17-ти декември е самитот на лидери, но и после тоа, до крајот на годината, словенечкото претседателтво има право да свика вонреден состанок на министрите, доколку има некакво придвижување во позицијата на Бугарија, смета министерот за надворешни работи, Бујар Османи во интервју за „Топ тема“, нагласувајќи ги шансите за официјална Софија да го тргне ветото.
Според него, се уште има игра до крајот на годината, за да се работи.
-ЕУ да работи во својот двор за да ги спроведе сопствените одлуки, меѓутоа и ние во делот на билатералниот спорт. Очекувањата се доколку се формира новата бугарска влада. За несреќа ни се погоди во годината кога требаше да направиме прогрес, Бугарија оди на три последователни избори. Тоа не се случило во 100 години за една држава и за жал, влијаеше на динамиката и исходот во преговорите, истакнува Османи.