Османи за Резолуцијата: ДУИ е на ставот дека овој процес треба да се почне од нула

од Берта Китинска
272 прегледи

И покрај притисоците од опозицијата не навлеговме во негативен дискурс со Бугарија и мислам дека пред очите на светот добивме признание дека ние сме во право. Постигнавме етнички консензус. Никогаш државата не била вака едногласна. Најголемата грешка што може да ја направиме до сега, од една државна позиција која има кредибилитет поред светот, некој сега да ја претвори повторно во етничка, вели во Утрински брифинг министерот за надворешни работи, Бујар Османи објаснувајќи го ставот за Разолуцијата.

-Ако заради некои политички, партиски амбиции, овој државен консензус кој што го постигнавме да го претвори повторно во етничко прашање, тоа е најголемата штета што може да ја направи. Ако треба да се донесе некаква резолуција тоа треба да биде производ од сите, а не наметната од некоја политичка партија. ДУИ е на ставот дека овој процсе треба да се почне  од нула, да седната политичките партии консензуално, а не да биде наметната од една парија, како што напоменав се плашам дека може од државна со вкава резолуција да преминеме во етничка позција, вели Османи.