Османи за спорот со Бугарија: Црвената линија е дека нема разговор за идентитетските прашања

од Nikola Popovski

„На 25 март 2020 година, Бугарија ни даде поддршка за преговорите со ЕУ и сметам дека нивниот стратешки став не е сменет“, изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи за емисијата „Еуро-фокус“.

Според него, инцидентите во комуникацијата не треба да го урнат Договорот за пријателство и добрососедство.

„Мешовитите комисии треба да го одвлечат влијанието од политиката. Тие мора да продолжат да работат со голем интензитет. Мислам дека црвената линија е дека разговор за идентитетските прашања не може да има. Само со комуникација со нашите бугарски пријатели можеме да го решиме ова прашање. Мораме да ја гледаме големата слика“, смета Османи.

Слични содржини