Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кој е во посета на Јапонија, од Токио ќе отпатува директно за Вашингтон каде ќе почне Стратешкиот дијалог со САД.
Османи ќе ја предводи делегацијата на Северна Македонија, а во агендата и бројни билатерални средби.
„На Агендата и бројни билатерални средби со високи државни претставници на САД, како и истакнати личности од граѓанскиот сектор и тинк – тенк организации. Фокусот ќе биде на продлабочување на билатералните односи и креирање нови патишта за идна соработка. Северна Македонија ќе има приоритетна позиција во американската администрација“, најави министерот.