Османи ќе го отвори првиот почесен конзулат на С.Македонија во регионот на Едрене

од Stefanija Kuzmanovska
175 прегледи

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи утре, ќе го отвори првиот почесен конзулат на Република Северна Македонија во регионот на Едрене, Република Турција.

Во рамките на посетата министерот Османи исто така ќе има средба и со Валијата на Едрене, Хусејин Куршат Кирбијик, како и со бројни наши студенти кои студираат во Универзитетот Тракија во овој град.

Градот Едрене како трговски центар има континуирана растечка индустрија и отворањето на почесниот конзулат токму во овој град дополнително ќе ги зајакне, трговските, културните и туристички врски меѓу Северна Македонија и овој регион на Турција, соопштија од МНР.

Слични содржини