Осмо продолжение на конститутивната собраниска седница- и денеска никој не очекува избор на претседател!

од Vladimir Zorba
85 прегледи

 

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе продолжи конститутивната седница на која  треба да се дебатира за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

Сепак пратениците  главно со амин на претседавачот Трајко Вељановски , веројатно осми ден ќе ја злоупотребуваат парламентарната говорница, расправајќи надвор од темата, преку процедурални забелечки и реплики, а со тоа и натаму ќе ја блокираат работата и иборот на претседател  на Парламентот.

 

Конститутивната собраниска седница почна на 30 декември 2016 година, но беше прекината, бидејќи не беше обезбедено парламентарно мнозинство за избор на претседател на Законодавниот дом.Сега има парламентарно мнозинство но истото се блокира од малцинската ВМРО ДПМНЕ.

На дневен ред на седницата е и изборот на претседател на Собранието на Република Македонија, о со оглед на околностите никој тоа не го очекува и денеска.