Основачите на Бионтек: „Вакцина против рак можна до 2030 година“

од Stefanija Kuzmanovska

Вакцините против рак би можеле да бидат направени до 2030 година, судејќи според зборовите на коосновачите на германската фармацевтска компанија „Бионтек“, Угур Шахин и Озлема Тиречи, чија работа е позната по создавањето вакцина против ковид за време на пандемијата со американскиот „Фајзер“.

Сопружниците Шахин и Тиречи велат дека направиле пробив што им дал оптимизам за вакцините за рак во наредните години, објави „Гардијан“.

Германската фирма се надева дека ќе може да развие третмани за рак на дебелото црево, рак на кожата и некои други видови на рак, но постојат големи пречки до решението.

Слични содржини