Ученик од скопско основно училиште донел пластичен пиштол и го вперил кон соученици, извести МВР. Ваквиот немил настан се случил во текот на вчерашниот ден.
-На 05.05.2023 околу 12 часот во просториите на основно училиште на подрачјето на Чаир, Скопје, полициски службеници во присуство на родители, педагог, психолог и директорката на училиштето извршиле службен разговор со малолетник-ученик во училиштето, постапувајќи по претходна пријава од директорката на училиштето дека извадил пластичен пиштол (играчка) и го насочил кон други ученици, а потоа и го предал на неа, информираат од полицијата.
За случајот известен е јавен обвинител за малолетници и Центарот за социјални работи.
Ваквиот инцидент доаѓа по случувањата изминативе во Србија каде 13-годишен ученик усмрти 8 ученици и чувар на училиштето каде што посетуваше настава.